Сиљановска-Давкова: Секое дете има своја мисија, вложувањето во нив е вложување во иднината

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на одбележувањето на 25-годишнината од работата на СОС Детско село во Македонија, кое се одржа во Македонскиот народен театар во Скопје. Таа на настанот присуствуваше во својство на покровителка.

Во своето обраќање, Сиљановска-Давкова порача дека возрасните имаат обврска да бидат покрај децата и во тешките и во убавите моменти од нивниот живот.

„Домот е мала оаза на мир, емоционално прибежиште, првата заедница во која ја учиме најважната животна лекција: дека неслучајно сме тука и дека секое дете има своја мисија во животот. За многу, многу деца и млади, токму ваков дом беше, е и ќе биде СОС Детско село“, истакна претседателката.

Таа посочи дека во изминатите 25 години организацијата постигнала значајни резултати во заштитата на децата, поддршката на семејствата и обезбедувањето алтернативна грижа за децата без родителска грижа.

Според податоците што ги изнесе претседателката, во изминатите 25 години СОС Детско село им помогнало на повеќе од 6.000 деца и млади.

„Дозволете ми да ви го честитам јубилејот, да ви ги честитам 25-те години СОС Детско село, прекрасно село, убедена дека вложувањето во децата е вложување во нивната, ама и во нашата иднина“, порача Сиљановска-Давкова.

Јубилејната програма беше одбележана со видео-проекции, сценски и музички настапи, лични приказни и доделување признанија, со кои беше претставена 25-годишната работа на организацијата и придонесот на згрижувачите, институциите, компаниите и партнерите во поддршката на децата и семејствата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вучиќ со нов предизборен спот: На…

Александар Вучиќ објави нов предизборен спот во…

Сообраќајна најава: Утре ограничување на мостот „Близнак“

Возачите во Аеродром и Гази Баба утре,…

Македонски средношколци меѓу најдобрите во светот: Почнува…

Македонскиот национален тим денеска во Инчеон, Јужна…

Ученици во Кисела Вода снимаат филмови против…

Насилството меѓу децата и младите, со посебен…

Николоски: Третата фаза од пругата кон Бугарија…

Тендерот за изградба на третата фаза од…