Објавено на:

Софи Адено ќе стане првата Французинка што отпатувала во вселената

t

Минатиот февруари, Софи Адено влезе во историјата како втората Французинка која отпатувала во вселената, по Клоди Ењере. Шест месеци подоцна, таа е пред уште еден историски чекор – да стане првата Французинка која ќе излезе во вселената.

Астронаутката ја сподели веста со своите следбеници на Instagram и X.

На 18 август, Адено ќе ја изведе својата прва вселенска прошетка надвор од Меѓународната вселенска станица, каде што ќе помогне во поправката на системот за комуникација на станицата.

Со неа ќе биде и американскиот астронаут Анил Менон, кој веќе има учествувано во вселенска прошетка за поправка на антена со голем пропусен опсег, која се користи за комуникација со Земјата.

Од НАСА објаснуваат дека двајцата астронаути од Експедиција 75 ќе излезат надвор од станицата за да заменат антена која е од клучно значење за пренос на големи количини податоци и комуникацијата меѓу вселенската станица и контролните центри на Земјата.

Софи Адено и нејзиниот колега веќе започнаа со подготовките за мисијата.

НАСА соопшти дека во понеделникот Менон и Адено заедно работеле во воздушната комора „Квест“, каде што ги подготвувале алатките што ќе ги понесат со себе надвор од станицата.

Со оваа мисија, Софи Адено ќе стане првата Французинка, а втората Европејка, која ќе изведе вселенска прошетка. Пред неа, тоа го направи италијанската астронаутка Саманта Кристофорети во 2022 година.

Адено би можела повторно да излезе надвор од вселенската станица и на 25 август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон нареди изработка на план за заштита…

Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот изјави…

Захарова: Француската иницијатива за нуклеарно одвраќање претставува…

Иницијативата за „проширено нуклеарно одвраќање“, што Франција…

Марин Ле Пен во комотно водство пред…

Кандидатката на крајнодесничарското Национално собирање (RN), Марин…

Кадиров повторно се заканува со освојување на…

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри…

Франција со сериозно предупредување до Европа: „Ова…

Генералната директорка на француската Генерална управа за…