Објавено на:

Туск: Полска не беше цел на објектот што падна на југоистокот од земјата

t

Полска не била цел на ракетата за која се тврди дека паднала на полска територија, изјави премиерот Доналд Туск пред новинарите.

„Нема причина да се верува дека Полска била целта“, рече Туск, кој претходно изјави дека објектот што паднал веројатно бил ракета. Во четврток наутро, полската војска објави дека открила неидентификуван летачки објект во полскиот воздушен простор и веројатната локација на неговиот удар, кратер со дијаметар од приближно 10 метри.

Неидентификуваниот објект влегол во воздушниот простор на југоисточна Полска во четврток вечерта, поради што борбен авион Ф-16 бил испратен да го пресретне, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

Командата соопшти дека објектот исчезнал од радарот по шест минути. Хеликоптер Ми-24 бил испратен на местото на настанот, а неговиот екипаж го утврдил „веројатното место на падот на објектот во ненаселена област во близина на селото Тарнава Колонија во Лублинското војводство“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Туск: Полска не беше цел на објектот…

Полска не била цел на ракетата за…

РУСКИ ПРОЕКТИЛ НАВОДНО ПАДНАЛ ВО ПОЛСКА!

За време на ноќните воздушни напади врз…

Полска: Со Бандера, Украина нема да се…

Полска ѝ се закани на Украина со…

Зеленски и го враќа на Полска доделениот…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, соопшти дека и…

Полската јавност во шок: Повеќе од 30…

Полска е во шок откако во село…