Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана територија, тврди Зеленски
Украинскaта војска во текот на оваа година ослободила 745 квадратни километри окупирана територија и вратила под своја контрола 26 населени места на југоисточниот фронт, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Ројтерс.
Операцијата, која според него се одвива точно според планираното, е спроведена од страна на воздушно-десантните единици и дополнителни воени формации долж потег од 60 километри на спојот меѓу Днепропетровската, Донецката и Запоришката област.
Украинските сили во изминатите месеци се обидувале да го зголемат притисокот врз руските позиции долж фронтот со должина од 1.200 километри.
„Покрај директните судири на теренот, украинските единици изведуваат редовни напади врз руската логистичка и енергетска инфраструктура со цел да ги ослабат снабдувачките линии на противникот“, соопшти Зеленски.
Зеленски истакна дека ослободувањето на 26-те населени места е резултат на добро координирана акција. На официјалните канали беше објавено и видео од Главниот штаб на украинската армија, снимено со беспилотни летала, на кое се гледа како војниците го подигаат украинското знаме во вратените населени места.
Иако Киев известува за значаен напредок, аналитичарите од украинската група за мапирање „ДипСтејт“ („DeepState“) посочуваат дека голем дел од споменатото подрачје сè уште се наоѓа во таканаречена „сива зона“, територија што не е под целосна контрола на ниту една од двете страни. Дел од оваа зона според истите извори сè уште е под руска контрола.
Независните воени аналитичари забележуваат дека динамиката на руското напредување значително забави на поголем дел од бојното поле, иако руските трупи сè уште вршат притисок и се обидуваат да се приближат кон клучните урбани центри во источната Донецка област.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана…
Украинскaта војска во текот на оваа година…
Русија веќе ја напаѓа Украина со севернокорејски…
Во масовниот руски напад врз Запорожје биле…
Најмалку 13 лица се загинати во напад…
Во објава на Икс се споделува видео…
Нов жесток напад врз Киев, најмалку тројца…
Три лица, меѓу кои и едно дете,…
Нема оружје за Украина? Трамп: И нам…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…