Објавено на:

Шолц: Ја поддржуваме Украина, тоа го правиме на начин што не води до ескалација, војна меѓу НАТО и Русија

t

Германија не сака да испраќа тенкови во Украина бидејќи тоа би можело да биде опасен чекор во ескалацијата на конфликтот, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за Њујорк Тајмс.

– Ова е многу опасна војна – рече тој, одговарајќи на прашањето зошто Германија не испраќа тенкови во Украина, што Киев упорно го бара.

– Ја поддржуваме Украина. Тоа го правиме на начин што не води до ескалација, војна меѓу НАТО и Русија, бидејќи тоа би било катастрофа – објасни тој.

Од друга страна, американскиот помошник на претседателот за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека американските власти ќе продолжат да ја олеснуваат испораката на тенкови од советската ера во Украина од земјите членки на Северноатлантската алијанса, како и друго оружје.

– Само Соединетите Американски Држави досега имаат испорачано оружје во вредност од над 15 милијарди долари на Украина, вклучувајќи системи за противвоздушна одбрана, стотици носачи на артилерија, стотици илјади, ако не и милиони, артилериски гранати. Помогнавме да ги предадеме тенковите на сојузниците на НАТО кои имаат тенкови од советската ера на кои беа обучувани Украинците. Ќе продолжиме да го правиме тоа – изјави тој за CBS.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Администрацијата на Трамп поништи повеќе од 175.000…

Американскиот Стејт департмент објави дека администрацијата на…

Хорор во Шутка – Куче искасало едногодишно…

Дете на возраст од година ипол било…

Девизните резерви во јули зголемени за 74,4…

Девизните резерви на крајот на јули годинава…

34 години од усвојувањето на првото државно…

Со одлука на Собранието на Република Македонија,…

„За две години пензионерите добија линеарно зголемување…

„ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните. Владата…