Ќе се разговара ли за Украина? – Свикана седница на Советот за безбедност ќе се разговара за регионот и пошироко

t

На 1 февруари 2022 година со почеток во 11.00 часот во Кабинетот на претседателот ќе се одржи седница на Советот за безбедност на која ќе се разгледа актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко.

На седницата ќе присуствуваат редовните членови на Советот, Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска, министер за одбрана, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Ненад Марковиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Ветон Љатифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа и Трајан Гоцевски, поранешен министер за одбрана и универзитетски професор. На покана на претседателот, на седницата на Советот ќе присуствуваат и Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање, Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

По завршувањето на седницата на Советот, претседателот Пендаровски ќе даде изјава за медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицајка и постар маж повредени во судирот…

Вчера во 08:35 часот било пријавено дека…

Пороен дожд, грмежи, град и силен ветер:…

Подрачјето на земјава од утре до средината…

Што допре Свето Пивара се исуши: Како…

Феноменот Свето Јаневски, познат како Свето Пивара,…

ЕУ ја предупреди Албанија: Стоп на шемата…

Делегацијата на Европската унија во Тирана ја…

Важно соопштение од Народна банка: Раст на…

Во јули годинава според намената на кредитите…