АВИОНОТ НЕ МОЖЕЛ ДА СЛЕТА ВО СКОПЈЕ ПОРАДИ НЕВРЕМЕТО: Кружел неколку пати, па се вратил во Охрид

t

Немаше никакво принудно слетување на авион на Охридскиот аеродром, изјавиле за СДК.мк од Контролата на летање (М-НАВ) по информациите што ги објави ТВ 21 дека авион што полетал од Охрид за Германија, се вратил и принудно слетал на овој аеродром.

Станува збор за авион „ербас А-32о“ на унгарската нискобуџетна компанија „Визер“, на редовна линија од Охрид за Фридрихсхафен, кој на пат кон Германија требало да слета во Скопје за го замени екипажот поради надминати часови на работа, па да продолжи кон крајната дестинација. Поради невремето што во попладневните часови го зафати главниот град, авионот не можел да слета во Скопје и капетанот пет-шест пати вртел над скопскиот аеродром чекајќи подобри метео услови, по што безбедно се вратил во Охрид, велат од Контролата на летање.

Забуната настанала оти на патници им било чудно дека авионот неколку пати вртел. Според податоците од специјализираната веб страница Флајт радар 24, авионот се задржал во македонскиот воздушен простор повеќе од два часа пред да се врати во Охрид. Авионот и без тоа доцнел во поаѓање 3 часа поради лошите временски услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ален Рустемовски по Европското првенство: Најдоброто допрва…

Боксерот Ален Рустемовски се огласи на социјалните…

Америка објави „докази“ за постоењето на митското…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави доверливи…

(Видео) Илјадници граѓани во Загреб му оддадоа…

Илјадници граѓани вечерва се собраа во Загреб…

Над 27.000 домаќинства иселени присилно во Германија…

Во Германија минатата година биле спроведени 27.446…

Тешка сообраќајна несреќа во БиХ: Се судриле…

Едно лице загинало во тешка сообраќајна несреќа…