Агелер: Притисоците врз судската власт во Македонија мора да престанат
„Притисоците врз судската власт во Македонија е нешто што мора да престане, судиите мора да бидат слободни за да можат да го практикуваат правото бидејќи граѓаните на оваа земја имаат потреба од тоа и сè повеќе го бараат тоа“ порача американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.
Таа на одбележувањето на 60-годишнина од постоењето на Уставниот суд подвлече дека шест декади ова тело е носител на виталната и нужна одговорност на чување и заштита на основните права на граѓаните.
„Овој суд е од суштинско значење за да се овозможи транспарентно и правично општество. Сите треба да ја почитуваат независноста на судиите, кои што треба да бидат слепи за политичките влијанија и јавните мислења и да бидат водени од начелата коишто се втемелени во нашите устави. Американскиот судија сè уште смета дека нашиот Устав не е напишан во песок за да може да се измие со секој бран од нови судии коишто се под политичко влијание. Притисокот којшто е ставен на судиите во овие судови може да биде огромен. Ние како граѓани инсистираме тие притисоци да бидат елиминирани и тие судии секогаш да бидат независни без оглед на нивното потекло и нивните мислења“ – рече Агелер.
Независноста на судството, рече таа, е од суштинско значење од аспект на претстојните избори и само независни судии кои дејствуваат објективно и правично можат да го запазат владеењето на правото и да ги заштитат граѓаните.
„Јас имам слушнато од многу од вас за притисоците коишто се ставени врз вас. Притисоците врз судската власт во Македонија е нешто што мора да престане, судиите мора да бидат слободни за да можат да го практикуваат правото. Граѓаните на оваа земја имаат потреба од тоа и се повеќе го бараат тоа“ – порача Агелер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Binance првпат се огласи за можниот безбедносен…
Криптовалутната берза Binance, според објава на социјалната…
Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…
„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…
„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…
САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…
Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…
ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…