Агелер: Честитки за Мицкоски и Владата за залагањето за кандидатурата на Шекеринска

t

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер ѝ го честиташе изборот на Радмила Шекеринска за нов заменик-генерален секретар на НАТО. Воедно, таа му честиташе и на премиерот Христијан Мицкоски за тоа што застанал зад нејзината кандидатура.

„Моите најтопли честитки за Радмила Шекеринска, новата заменичка-генерален секретар на НАТО и за Христијан Мицкоски и Владата на С.Македонија за залагањето за нејзината кандидатура. Моќна потврда за експертизата и искуството на Шекеринска и за македонската улога како ценет партнер во НАТО и на САД“, напиша амбасадорката на САД на социјалните мрежи.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте одлучи да ја назначи Шекеринска од Северна Македонија за негов заменик.

„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, порачал Руте, а објавија од воената алијанса преку соопштение.

Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе својата функција подоцна оваа година, соопштуваат од НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата прави методологија струјата да не поскапи,…

Владата прави методологија за да се задржи…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…

Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…