Објавено на:

Акција на “Водовод” за одржување на атмосферската канализација поради најавата за дожд

t

Во текот на изминатите неколку дена, во согласност со состојбите на терен и најавите за дожд, екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје спроведоа активности за расчистување на сливниците и шахтите на сите главни и споредни улици во град Скопје, известуваат од претпријатието.


Екипите на сектор Канализација, заедно со директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Драган Илиевски, беа на терен и во текот на минатата вечер, за контрола, брза реакција и интервенција на критичните точки во градот, со цел непречена функционалност на атмосферската канализација и спречување на поплави.


ЈП Водовод и канализација – Скопје, во согласност со најавената временска прогноза и состојбите на терен ќе продолжи со спроведување на активности за подобрување на услугите за скопјани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Гостивар: Се работи на нормализирање на…

Општина Гостивар информира дека Главниот кризен штаб…

Напад во Шутка – вработен во „Водовод“…

Три лица со дрвени и железни палки,…

„Водовод“ со апел: Да не се троши…

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира…

Кумановци добиле сметки од 20.000 денари за…

Енормно високи сметки за вода добиле граѓани…

Директорот на Бор „Водовод“ поднесе оставка, осомничен…

Градоначалникот на Бор, Александар Милекиќ денеска на…