Објавено на:

Акција на “Комити”: Донирајте за Вардар

t

Најверните навивачи на Вардар, „Комити“ организираат акција за спас на најтрофејниот македонски фудбалски клуб. Тие преку фејсбук ги повикаа фановите на „црвено-црните“ да донираат пари кои ќе бидат наменети за потребите на клубот.

За поранешниот македонски шампион може да се донира и од Македонија и од странство, а најважно од сè е тоа што секој ќе може да ја увиди точната сума на донирани средства за „црвено-црните“.

„Дојде време за најважната акција. Ние сме на потег. Навивачите, симпатизерите, обичниот народ, на кого му е преку глава од малверзациите, матните игри и злоупотребата на клубот. Ве повикуваме сите вас, вљубеници во црвено – црната боја, да се приклучите, и на прикажаниот линк, да донорате согласно вашите можности. Сите собрани средства, ќе бидат наменети исклучиво за потребите на клубот.

Дозволено е донирање, како од Македонија, така и од странство. И најважно, за целата акција да протече фер и транспарентно, секој, во било кое време, ќе може да ја увиди точната сума на сопствената донација, како и сумите на сите останати кои донирале. Воедно, и сите во било кој момент, на линкот ќе можат и да ја следат тековната промена на сумата. Се ќе биде потполно транспарентно. Го правиме ова, со цел да ги спречиме можностите за било каква нерегуларност.

ВАЖНО ИНФО: Целата акција ја реализираме преку апликацијата Gofundme. Непрофитабилна апликација, но која со секое донирање дава опција, вие, како донатор, со дел од парите кои ги донирате, финансиски ја подржите. За да сите средства кои ги донирате бидат наменети исклучиво за клубот, потребно е да на предлогот од самата Апликација, која ви нуди да ја подржите, отидете на НУЛА. Така сите средства, ќе бидат наменети за клубот! Објаснување, во коментар!

Не е важно од каде и колку, туку зошто. За нашиот Вардар, за нашата гордост. За славното минато, и за уште посветлата иднина, за која сите заедно ќе се избориме. Ти си Вардар, нема никој друг. Затоа, донирај, и биди дел од возобновата на најголемата македонска фудбалска гордост – ФК ВАРДАР“, објавија „Комити“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Град Скопје започна со реконструкција на пешачкиот…

Градот Скопје започна со реконструкција на пешачкиот…

Како „Балистите“ го гаѓаа голманот на Вардар…

Не стивнуваат реакции од мечот Шкендија-Вардар. Во…

Еурофарм Пелистер го совлада Вардар 1961 во…

Дуелот од воведното коло во плејофот во…

ГОЛЕМ ГЕСТ на “Комити” и “Чкембари”: Цел…

Иако се лути ривали на трибините, навивачките…

Шкупи го доби скопското дерби со Вардар…

Шкупи ги потврди шампионските амбиции и во оваа…