Акција на МВР: Приведен разбојник од Скопје!
Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишија од слобода скопјанецот С.Ѓ. (44), кој бил баран за издржување затворска казна, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Денеска во 14.50 часот на улица „Исаија Маџовски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ѓ. (44) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Оттаму велат дека, лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…
Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…
Странските државјани кои со возила со странски…
Кривична пријава: Незаконски продавале отпад од ,,Тутунски…
Од МВР информираат дека се поднесени кривични…
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…