Албанското знаме развеано на половина Скопје – Ахмети: Не се спушта и не се витка затоа што е натопено и подигнато со крвта на Џемил Абдурахман

t

Со откривање биста на загинат припадник од ОВК во Шипковица, почеток на реконструкција на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, свечена академија во хотелот „Александар палас“, одбележување на роденденот на командантот на УЧК Адем Јашари, заклучно со концерт на британската ѕвезда со косовско потекло Дуа Липа на плоштадот „Скендербег“ во Тирана, лидерот на ДУИ Али Ахмети и многубројни функционери интегративци го одбележаа и го прославија „28 Ноември – Денот на албанското знаме“, иако во Македонија тој датум не е на списокот на државни празници.

Пратеници и функционери од ДУИ денеска наместо на комисиски расправи и во министерските кабинети, наместо на работа, присуствуваа на поставување на почетокот на реконструкцијата на Универзитетот „Мајка Тереза“, по што цела пратеничка група, претседателот на Собранието Талат Џафери, како и речиси сите министри присуствуваа на свечената академија во хотелот „Александар палас“.

Работните обврски и на градоначалниците во општините со мнозинство Албанци, како Чаир, Кичево, Сарај, Арачиново… беа во втор план, бидејќи главно беше одбележувањето на Денот на знамето и независноста на Албанија. Во општините со мнозинство Албанци се вееше албанското, но не и државното знаме, што е спротивно на Законот за употреба на знамињата на заедниците. Исклучок беше само свечената академија во „Александар палас“ каде што беа истакнати албанското, државното знаме, како и знамињата на САД и на ЕУ.

Одбележувањето на националниот празник на Албанија, Ахмети, во друштво на првиот вицепремиер Артан Груби, го почна во Шипковица каде што ја откри бистата на загинат припадник на ОВК од тоа село, Џемил Абдурахмани. Лидерот на ДУИ им го честита 28 ноември на сите Албанци со порака дека албанското знаме никогаш не било свиткано, бидејќи е натопено со крв.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Лош предзнак? Најголемото знаме на Украина се…

16 метарското знаме беше скинато на половина…

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…

 Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…

Добро утро со Инфомакс: Наше знаме е…

Добро утро Македонци, денеска ви го пренесуваме…