Амбасадорката Агелер ги охрабри судиите на Врховен да го зајакнат владеењето на правото во Македонија – никаде не спомена политички притисоци
Амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер вчера оствари средба со претедателката и членовите на Врховниот суд.
По повод средбата денес на социјалните мрежи американската амбасада објави фотографија и порака со која изразува поддршка за владеењето на правото во Македонија.
-Амбасадорката Агелер се сретна со претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, за да разговараат за важноста на независноста и транспарентноста на судството. Таа, исто така, имаше можност да се сретне со судиите на Врховниот суд и да го повтори нашиот заеднички интерес за зајакнување на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Соединетите американско држави секогаш ќе бидат тука да го поддржат владеењето на правото и да работат заедно за да се постигне просперитетна и безбедна Македонија, се вели во објавата на Фејсбук.
Она што е интересно е што за разлика од вчерашното соопштение на Врховниот суд во кое се говори за политички притисок врз судиите истата констатација изостана од објавата на американската амбасада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…