АНБ молчи додека проповедаат верски екстремисти поврзани со Ал Каеда

t

Левица изразува сериозна загриженост за неодамнешниот безбедносен пропуст на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кој предизвика оправдано прашање за нивната ефикасност, соопштија од партијата.

– Имено, се работи за скандалозен случај со верски екстремизам, односно за оџата Ахмет Калаја, исламски свештеник, на кој во април 2023 година му бил ЗАБРАНЕТ влез во Република Македонија поради безбедносни причини! Но, минатиот период, овој верски екстремист одржал проповед и говор во Албанскиот театар во Скопје. Проповедта се случила пред поголема група луѓе, на настан организиран од издавачката куќа Нур, кој ја претставува оџата Беким Халими(поврзуван со Ал Каеда). На настанот присуствувале и малолетни деца, што дополнително ја засилува загриженоста за безбедносните ризици.

Прашањето што се поставува е како е возможно ова лице, кое претходно било сметано за опасност, да влезе во земјата и да одржи јавен настап, без да биде спречено од АНБ. Овој инцидент поставува сериозни прашања за капацитетот на АНБ да се справи со ризиците и да ја заштити безбедноста на државата.

Левица бара одговор од новиот директор на АНБ – Бојан Христовски за овој сериозен безбедносен пропуст кој државата ја изложува на верски радикализам. Во време кога безбедноста на земјата треба да биде на прво место, вакви инциденти само ја нарушуваат довербата во безбедносните институции и поставуваат сериозни прашања за нивната способност да се справат со актуелните закани. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судир на шпионски мрежи во кабинетот на…

Странски служби мешетареле во кабинетот на претседателката…

АНБ: Луѓето што се обидоа да ја…

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) информира дека…

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Јавното обвинителство…

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад…

Скандал во АНБ Црна Гора: експлицитни снимки,…

Афера со протечени експлицитни снимки и фотографии…

ОЈО ГОКК постапува по кривична пријава против…

Кривична пријава за саботажа, злоупотреба на службена…