Ангелов: Договорен сум за прием на уште двајца пилоти, чекаме согласност од МФ – цел ми е набавка на уште три „Ер трактори“

t

Договорен сум за прием на уште двајца пилоти, треба да бидат примени веднаш штом Министерството за финансии ќе ни даде согласност, рече Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, во синоќешното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Го чекам ребалансот на буџетот, бидејќи на брзаме. Пилотите што ќе ги примам, ќе бидат пратени на обука во октомври – ноември. Едниот е помлад и понеискусен, а другиот е класа пилот кој што има многу налет со авиони, но и со хеликоптери. Ја користам оваа прилика да ги повикам сите пилоти кои што имаат над 400 часови на лет, со било кој тип на авион, да дојдат, да поразговараме“, порача Ангелов.

Исто така, тој во гостувањето посочи дека негова цел била набавка на уште три „Ер трактори“, меѓу кои и еден двосед, за како што вели, да можат самостојно да ја работат обуката.

„Со приемот во работен однос на пензионираниот полковник Малезански, но и ангажманот на Васко Михалчов, кој што е еден од пензионираните херои пилоти, ние имаме добра основа и самите да вршиме обука во наредниот период, бидејќи и двајцата се извонредни структури, а Малезански дури и пробен пилот, нешто што е врв во авијацијата“, рече Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со…

Еден тон подмладок од крап денес е…

76-годишник удрил пешак па избегал, но набргу…

На 11.11.2026 околу 13:05 часот во СВР…

16-годишна малолетничка ги пријавила родителите за семејно…

Полицијата извршила службен разговор со 53-годишен маж…

Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…

Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…

Општина Гевгелија доби ново амбулантно возило

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион…