Андреј Јакимовски размислува да се пријави на НБА драфтот!
Репрезентативецот Андреј Јакимовски ќе се обиде да стане втор македонски кошаркар во НБА лигата, но прв кој дотаму ќе стигне преку драфтот.
Вечерва преку социјалните мрежи тој објави дека размислува да се пријави на изборот на нови кошаркари во НБА кој ќе се одржи во втората половина во јуни.
„Одлучив да ги разгледам опциите за трансфер, а размислувам да се обидам и на НБА дрзфтот. Во исто време, постои можноста да се вратам на Вашингтон Стејт за петта година“, напиша,меѓу другото, Јакимовски.
Претходните четири години, тој настапуваше за универзитетот Вашингтон Стејт со кого последната сезона стигна и до „мартовското лудило“ што е најголем успех на Кугарс во последните 16 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Барбов, Филипче и Заев дополнително се зеплеткаа…
„Сакајќи да се извлечат од случајот со…
Трамп: Зеленски не е вистинската личност, со…
Претседателот на САД, Доналд Трамп обновените украински…
Мицкоски: Можно е решение со Софија, но…
Можно е да се постигне договор со…
Интернет користат 93,7 проценти од граѓаните на…
Во првото тримесечје од 2026 година, 93,7…
Деветнаесет години од загинувањето на Тоше Проески
Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше…