Антивладини протести во Полска
Лидерот на полската десничарска опозициска партија Право и правда (ПиС), Јарослав Качински на денешниот протест во Варшава изјави дека проевропската Влада на премиерот Доналд Туск дејствува против националните интереси и ги крши полските закони.
Качински ги повика своите симпатизери да покажат јавна и политичка активност и да го поддржат кандидатот на ПиС на претседателските избори, што ќе се одржат следната година. Опозициската партија сè уште не одлучила кого да предложи во трката за највисоката државна функција.
На денешниот протест пред Министерството за правда во Варшава учествуваа околу 4.000 луѓе.
ПиС беше на власт од 2015 и 2023 година и презеде промени во правосудниот систем што Брисел го критикуваше како недемократски. Право и правда изгуби на минатогодишните парламентарните избори, но продолжува да има влијание преку претседателот Анджеј Дуда. Тој е сојузник на екстремно десничарската партија и блокира голем број предлог закони на Владата на Туск.
Вториот и последен мандат на Дуда истекува во август следната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Туск подготвен за средба со полскиот претседател…
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека е…
Европската комисија застана зад Туск: Бара од…
Европската комисија застана на страната на полскиот…
Се подготвувал да убие повеќе лица –…
Полската полиција приведе 16-годишник осомничен дека планирал…
Полска ќе им дозволи на пилотите на…
Полска ќе им дозволи на своите пилоти…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…