Апсења во Скопје и Тетово поради дрога: Меѓу уапсените има и малолетник
Полицијата уапси шест лица во Скопје, меѓу нив и малолетник. Исто така и во Тетово, каде полицајците привеле тетовец и малолетник. Сите апсења се поради пронајдена прашкаста материја за која се сомневаат дека е дрога, како и поради марихуана.
„Вчера во 21.50 часот во Тетово, од полициски службеници од СВР Тетово се лишени од слобода Г.С.(36) и еден малолетник, двајцата од Тетово, затоа што кај Г.С. била пронајдена и одземена марихуана“, вели МВР.
Во Скопје апсењата се на повеќе локации.
„Вчера во 21.25 часот пред казино на подрачјето на Ѓорче Петров, од полициски службеници бил лишен од слобода Ф.А.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. ПВо 20.35 часот на подрачјето на Центар, од полициски службеници бил лишен од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во 01.15 часот на подрачјето на Аеродром, од полициски службеници бил лишен од слобода А.Т.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. Во 02.00 часот на подрачјето на Карпош, од полициски службеници се лишени од слобода М.Б.(27) и С.И.(21) двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. Во 23.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, од полициски службеници бил лишен од слобода Х.П.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана“, додаваат од МВР.
По целосно документирање на случаите ќе следи соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…
(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…
Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…
Уапсен е еден од најбараните бегалци во…
Шведскиот државјанин Али Намдар, клучна фигура во…
Ѓорѓиевски: Скопје се гради, Македонија се движи…
Ги решивме имотно-правните пречки кај клучката „Момин…