Апсење за дрога во Аеродром, Гази Баба и Центар, паднаа неколку млади дилери
Вчера и денеска по полноќ полицијата апсеше за дрога на подрачјето на Скопје.
– Денеска (22.05.2024) во 03.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.М.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
– На 21.05.2024 во 15.10 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
– На 21.05.2024 во 22.30 часот на подрачјето на Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија го лишиле од слобода Ф.Р.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белата куќа демантира, но Трамп бара решение:…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се…
МАЛОЛЕТНИК ОСОМНИЧЕН ЗА НАПАД ВРЗ СОПСТВЕНАТА БАБА:…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе…
Лавров пред ОН: Русија нема да направи…
Русија нема да прави „пауза“ во војната…
Американски извор: Вашингтон одбил да ја укине…
САД го одбиле иранското барање за укинување…
Манчевски: Стравот од дата центрите е застарен,…
Дата центрите не се мистериозни постројки што…