Арсовска до Ристовски: Срамот е ваш за олимпијадата
По изјавите на министерот за спорт Борко Ристовски во врска со Европската младинска олимпијада 2025, Град Скопје излезе со остра реакција и демант, наведувајќи дека не само што не е виновен за евентуални пропусти, туку целосно бил исклучен од организацијата на настанот.
„Град Скопје помогна Македонија и главниот град да ја добијат организацијата на Европската младинска олимпијада 2025“, се наведува во реакцијата. Но, по одлука на претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димески, организацијата продолжила во партнерство со Министерството за спорт, при што половина од програмата била префрлена во Куманово.
„Цела година МОК и Министерството ја организираат Олимпијадата сами, без никакво учество на Градот. Не само што не бевме вклучени во подготовките, туку не добивме ни покана за отворањето“, додаваат од Град Скопје.
Оттаму оценуваат дека сега, откако меѓународната спортска јавност била сведок на организациски пропусти, одговорноста се обидува да се префрли врз Градот.
„Срамот е ваш, носете си го сами и сликајте се“, порачуваат од Градот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марин Ле Пен во комотно водство пред…
Кандидатката на крајнодесничарското Национално собирање (RN), Марин…
Албанија: Потонат брод од Втората светска војна…
Италијанскиот болнички брод „Po“ од Втората светска…
Осма жртва од западнонилска треска, почина заболен…
Западнонилската треска ја зеде осмата жртва. Почина…
Криза со горивото на Крим: Бензин се…
Поради недоволните залихи на гориво, продажбата на…
Германската крајна десница АфД убедливо победи во…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) освои убедлива…