Објавено на:

Арсовска: ОЈО и финансиската полиција постапуваат во Водовод, проектот за пречистителната станица се движи со соодветна динамика

t

Македонија е заглавена во примитивни полиитки од почетокот на својата независност, истакна во денешното гостување во Топ Тема градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

-Јас се кандидирав сама на овие избори и на овие избори добив поддршка од многу политички субјекти, организации и граѓаните пред се, мене ме гласаа 120.000 граѓани чија политичка определба не можеме да ја знаеме.

Сите луѓе гласале за мене, на ливчето го заокружиле моето име, кои им биле побудите не можеме да знаеме, истакна Арсовска.

Арсовска зборуваше и за разрешувањето на поранешниот директор на ЈП “Водовод и канализација” и за проектот за пречистителната станица во Скопје.

– Јас ниту еден директор на јавно претпријатие, освен оној кој сметам дека несоодветно ја вршшее работата, не сменив.

Досега во 30 години независна Македонија се ставале луѓе кои и по цена на сопствениот живот не ги напуштале функциите и фотелјите кои ги имал,е не сакале да се мрднат, да не ги разрешат.

Јас работам врз основа на принципи, чесно посветено и за реализација на проектите кои се во програмата, единствено треба да одговарам пред граѓаните за тоа. И тоа на сите им смета, затоа што продаваат гол популизам на секои избори бидејќи ниту еден премиер, министер нема 100% реализација на неговата програма и се оди со гол популизам, истакна Арсовска која додаде дека соодветните институции постапуваат во случајот со Водовод.

-ОЈО и финансиската полиција постапуваат во ЈП Водовод и канализација.

Проектот за пречистителната станица е во тек. Лага беше дека ЕБОР и ЕБРД ги стопираа активностите, проектот се движи со сосдветна динамика.

Не е точно дека таму немало проблеми. По шест месеци беше се во ред откако се отворија транспарентно процесите и добивме извештани кои ги побаравме.

Партиите велеа проектот за пречистителна станица е загрозен, а потоа сите до еден дојдоа да се сликаат на потпишување на договорот. Велеа дека турски инвеститор ќе гради, турските иневститори ќе ги нема, тие лажни тези ќе се разбиваат и во иднина, нагласи градоначалничката Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на Бор „Водовод“ поднесе оставка, осомничен…

Градоначалникот на Бор, Александар Милекиќ денеска на…

Поради дефект МНР и зградата А1 без…

Во Министерството за надворешни работи (МНР) нема…

(Фото) Скопје влегува во 21 век: Горно…

Скопје влегува во 21 век, жителите на…

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…