Арсовска: Поддржувам да можат да се сменат функционери кои не испорачуваат резултати, можеби така и пратениците нема да гласаат уставни измени

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вчеравечер во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 проговори и за иницијативите за нејзина смена.

Таа вели дека да не било смешно, ќе било трагично.

– Да не беше смешно, ќе беше трагично. Прво, од луѓе што се правници и седат во собраниските клупи и прва и основан работа им е да ги познаваат законите и да го штитат поредокот, не очекував дека ќе покажат толкаво непознавање. Јас го поддржувам ова, мене ми се допаѓа секој кој не реализира да може да биде разрешен. Па еве овие парламентарците што ветуваат економски просперитет па после одат и менуваат устав, да можете одма да ги смените. Јас го поддржувам тоа, но непознавањето кај овие што го предлагаат е навистина смешно. Вие не можете да донесете Закон и да важи ретроактивно, ќе важи од денес за утре и за следни избори.

Тоа се пајтон партии и луѓе кои се кријат позади други партии и излегуваат со вакви смешни предлози, но јас поддржувам да можат да се сменат лица кои не испорачуваат резултати, вели Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расправа за намалување на платите на функционерите…

Собранието денеска треба да ја одржи својата…

Трендафилов: Намалувањето на функционерските плати кое ССМ…

*Објава на Фејсбук на претседателот на ССМ,…

Дурмиши: Нема да ги зголемиме платите на…

Владата ќе го поддржи секој предлог што…

ССМ: Сиромашни работници, богати функционери – Една…

Во Македонија во месец мај 2025 година…