Ајде мајката: Владини службеници на државен трошок патувале во Софија како новинари
Вработени во владината служба за општи и заеднички работи, како новинари, на државен трошок престојуваа во Бугарија три дена. Тие наводно отишле да присуствуваат и да информираат за првата меѓувладина седница меѓу Владата на РСМ и Владата на Бугарија, пренесува Алсат.
Во документите што ги обезбеди Алсат, шестмина вработени во Владата, меѓу кои и шефот на службата Пеце Мирчевски, обезбедиле шест хотелски соби и превоз со возила од Владата.
Генералната и заедничката служба на РСМ е должна да обезбеди хотелско сместување за македонските новинари во Софија, Република Бугарија, во врска со заедничката седница меѓу Владата на Република Македонија и Република Бугарија, (24-25 јануари 2022 година). Во оваа насока, Службата треба да резервира 6 соби со по еден кревет, со полн пансион во периодот од 24.01 до 26. 01.2022 година за следните лица: 1. Пеце Мирчевски, 2. Сања Петковска, 3. Ивана Јаневска, 4. Благој Китев, 5. Александар Илиќ и 6. Александар Кошаркоски.
Иако активностите за меѓувладината седница траеле два дена, од 24 до 25 јануари, според документите на Алсат, горенаведените лица во Бугарија престојувале три дена, од 24 до 26 јануари. Запрашани зошто шестмина вработени во службата морале да патуваат како новинари? Од Службата одговорија дека патувале како персонал ангажиран во организациски работи.
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата најави можност за докуп на до…
Граѓаните на кои им недостигаат до 24…
Владата прави методологија струјата да не поскапи,…
Владата прави методологија за да се задржи…
Два американски воени авиони слетаа на аеродромот…
Два големи американски воени авиони биле забележани…
Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…
Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…
Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…
Владата излезе со јасен став во врска…