Објавено на:

Бајден: ДА, Си е диктатор

t

По состанокот на двајцата лидери во Сан Франциско, новинарите го прашаа Бајден да појасни дали и понатаму е подготвен, како што беше и претходно, да го нарече кинескиот лидер диктатор.

– Па, видете, тој е тоа. Тој е диктатор во смисла дека е тип кој води комунистичка држава, чиј облик на владеење е тотално поразличен, одговори Бајден.

Вашингтон пост по средбата пишува дека двете земји имаат добри причини да се обидат да ги одмрзнат односите, и покрај нивните разлики.

– Но, резултатите од средбата, како што се наведува, се скромни – тие се договорија за соработка во борбата против трговијата со дрога и обновување на воените контакти.

„Волстрит журнал“, пак, пишува: „Иако самитот помогна да се ублажи често жестокиот тон во односите меѓу САД и Кина, тој не направи малку за да ги измазне длабоките разлики.“

„Политико“ наведува дека најважното достигнување на средбата беше фактот што Бајден и Кси разговараа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британски „Тајмс“ за Вучиќ: На европскиот „камелеон“…

Британски „Тајмс“ објави обемен текст за српскиот…

Изгубен е контактот со мал авион во…

Хрватската контрола на летање го извести Оперативниот…

Србија побара помош од ЕУ за гаснење…

Србија официјално побара помош од Европската Унија…

(Видео) Крвав напад врз родниот град на…

Најмалку шест лица загинаа, а околу 90…

Падна и првото апсење на Табановце поради…

Странски државјанин бил лишен од слобода на…