Без коментар: 100 еврa кaзна за постарите од 50 години кои не се вакцинирани
Од денеска, во Италија ќе стапат на сила новите ограничувања поврзани со коронавирусот, вклучително и казни за невакцинирани лица постари од 50 години, кои ќе важат и за странците кои живеат во таа земја.
Луѓето кои влегуваат во Италија од други земји на ЕУ, а кои ќе покажат доказ за целосна вакцинација или потврда дека се опоравиле од Ковид-19, од денеска нема да мора да прават негативен тест како предуслов.
Поради многу заразната варијанта омикрон, тестот досега беше задолжителен за сите, без разлика на статусот.
Од почетокот на јануари, вакцинацијата против Ковид-19 е задолжителна за лицата над 50 години.
Од денеска, лицата од оваа возрасна група кои сè уште не биле вакцинирани – или не примиле втора доза или бустер доза и покрај тоа што имале можност да го сторат тоа – ќе бидат казнети со 100 евра.
Мерката останува на сила до 15 јуни и се однесува на сите жители на возраст над 50 години, вклучително и странски државјани.
Од 15 февруари и оваа возрасна група ќе треба да достави доказ за вакцинација или закрепнување од болест на работа и ќе бидат принудени да работат од далечина доколку не е во можност да го сторат тоа.
Оние кои ќе ги прекршат мерките се соочуваат со казни од 600 до 1.500 евра.
Промени има и кога станува збор за купување.
Од денеска посетителите на книжарници, банки или канцеларии ќе треба да покажат потврди за вакцинација или прележана болест.
Тоа не е случај за супермаркетите и аптеките.
Во Италија, која има околу 60 милиони жители, речиси 81 отсто од вкупното население се вакцинирани против Ковид-19, објави Еуроактив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Амнести интернешнел“ ја повика Италија да го…
Италија треба да го прекине договорот со…
Ренесансни слики со непроценлива вредност украдени од…
Во музеј на Сицилија, украдени се четири…
„Мислевме дека спие“: родители во Италија возеле…
Родители возеле околу 100 километри низ Италија…
Италијански бизнисмен поставил бомба пред домот на…
Италијанскиот бизнисмен Валтер Лавитола признал дека го…
Ескалира спорот во ЕУ: Шпанија воведува гранични…
Шпанија воведе гранични контроли на целиот воздушен…