Белата чума коси во Македонија!

t

Се помалку ученици во Охрид.Паралелките со 33 и 35 деца се минато. Од септември во едно одделение ќе учат по 20 деца, а наместо осум, оваа година ќе има шест паралелки во прва година во охридската гимназија.

Од локалната самоуправа велат и покрај оваа незавидна ситуација ниту еден наставник нема да остане без работа, а општината преку стипендии и финансиска помош ќе продолжи да ги стимулира учениците да останат да учат во својот град.

Минатата година во Охрид се регистрирани вкупно 399 живородени бебиња, што е за 28 помалку во однос на 2023 и за 15 помалку во однос на 2022 година. Кога е во прашање иселувањето во последните три години од Охрид се иселиле 1164 жители.

Секоја година иселувањето на населението на ниво на држава оди во нагорна линија.

Според податоците од пописот, од 2002 до 2021 година бројот на работоспособно население се намалил за 171.317 жители, или 12,4 отсто, додека бројот на старо население над 65 години возраст, се зголемил за 17,2 проценти или за 101.619 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија го почнува првото генетско пребројување на…

Со почетокот на новата учебна година стартуваше…

Детали за убиството во Скопје: Двајца дошле…

Двајца напаѓачи на мотоцикл пукале кон група…

Франција реагира по историскиот резултат на АфД:…

Францускиот министер за Европа Бенжамен Адад денеска…

Севернокорејската морнарица доби нов разурнувач, Ким вели…

Севернокорејската морнарица вчера стави во служба нов…

Убиство во Скопје: 25-годишник застрелан со повеќе…

Дваесет и петгодишен маж е убиен во…