Белорусија тврди дека полски воен хеликоптер го нарушил нејзиниот воздушен простор!

t

Полски воен хеликоптер го нарушил белорускиот воздушен простор, соопшти Граничниот комитет на Белорусија.

Полскиот воен хеликоптер Ми-24 ја преминал државната граница летајќи на екстремно мала надморска височина, прелетал околу 1.200 метри над територијата на Белорусија и потоа се вратил, соопшти Комитетот.

„Белоруските граничари денеска забележаа повреда на воздушниот простор на Белорусија од страна на Полска во областа Берестовиќ во областа Гродно“, се наведува во соопштението за медиумите, пренесува Танјуг.

Белоруското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало на разговор началникот на полската амбасада и побарал истрага за овој инцидент, пренесува Ројтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска ќе им дозволи на пилотите на…

Полска ќе им дозволи на своите пилоти…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…

Трамп промовира „масовен“ договор со Белорусија за…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…

(Видео) Сирени во Полска, дрон падна на…

Дрон со млазен погон паднал или бил…

Белорусија ослободува политички затвореници во замена за…

Белорусија започна нова рунда помилувања на политичките…