Бесплатни часови по економија за Владата: Што се капитални инвестиции и дали премиерот лаже дека се реализирани скоро 89% минатата година?

t

Премиерот Димитар Ковачевски пред неколку денови, како во кампања, со кратко промотивно видео се пофали дека во 2022 година имало највисока реализација на капитални инвестиции.

Како што соопшти тој, реализирани се 465 од вкупно планираните 523 милиони евра капитални расходи.

Сето тоа би било одлично, доколку Владата, Министерството за економија и Министерството за финансии, барем една од трите институции ни кажеше кои се капиталните инвестиции што се реализирани, затоа што сите знаат дека ги има ама никој не ги гледа.

Да, по којзнае кој пат Владата и министерствата не одговараат на прашањата на Инфомакс, а прашањето е едно и едноставно: Кои се реализиранте капитални инвестиции во 2022 година со кои се фали премиерот?

Да почнеме “професорски”, во стилот на премиерот и дел од министрите кои откако станаа функционери заборавија дека порано биле професори и дека комуникацијата со народот, а особено со медиумите е најважна.

– Под државна капитална инвестиција се подразбираат државните средства наменети за создавање, стекнување или зголемување на вредноста на тековните материјални и нематеријални средства на државните и општинските институции, јавните агенции и претпријатија, како и други стопански субјекти.

Државни средства се средства од државниот буџет, Фондот за приватизација и заеми добиени во име на државата или со државна гаранција.

Главните области на државните капитални инвестиции се: јавна администрација, здравство, социјална и јавна безбедност, заштита на животната средина, јавен ред, образование, култура, земјоделство, транспорт и врски, како и други области. – објаснуваат од Министерството за финансии на Литванија на нивната официјална веб-страница.

За разлика од литванското министерство, нашето министерство за финансии нема објаснување на таа тема, можеби затоа што доколку сите знаат што се капитални инвестиции сите ќе прашаат што е реализирано?

Економистот и бизнисмен, но и поранешен министер за економија Зоран Витанов, за Инфомакс објасни дека практично фалбите на Ковачевски се лага, дека во Македонија иако во секој буџет се одвојува ставка за оваа намена сепак никогаш не биле реализирани ни половина од тие средства, затоа што парите се трошат за плати во администрација, а остатокот се краде од партиите на власт.

– Наједноставно, капитални инвестиции се оние инвестиции кои се од државно значење на Македонија но кои носат пасивни приходи. На пример брани, автопатишта, аеродроми, се што е производство во инфраструктура кое понатаму ќе носи пасивни приходи на државата.

Просто, ако сме инвестирале во нешто 100 милиони евра, потоа ќе имаме на пример 100 милиони евра годишен нето профит, а самата вредност од 100 милиони евра останува.

На пример новиот аеродром е капитална инвестиција, без оглед што е јавно-приватно партнерство турската компанија ТАВ после 30 години ќе го остави во исправна и реновирана состојба како сега да е изграден и тој аеродром вечно ќе носи приходи заради сообраќајот што се одвива.

Оружјето никако не може да падне под капитална инвестиција затоа што е таканаречено “liability” односно пасива, не е актива. Тоа значи дека ако јас си купам стан и го издадам под кирија тој стан носи приходи што е капитална инвестиција, ама ако живеам во него тој не ми носи приходи и тоа не е капитална инвестиција иако политичарите тоа го нарекуваат така.

Ако си купам пиштол тоа е само трошок, тоа никогаш нема да ми носи пари. Ако некој политичар каже дека купувањето на оружје е капитална инвестиција или нема поим, или многу безобразно ве лаже. Во ниту една теорија, никаде во светот купувањето на оружје не е капитална инвестиција.

На пример автопат Кичево-Охрид е капитална инвестиција, ама не можат да го направат, тоа што го отвори сега премиерот Ковачевски, експресниот пат Крупиште-Кочани е капитална инвестиција но не е негова, таа е од времето на Груевски.

Џонсон и Мети не е капитална инвестиција затоа што е приватна фирма, тоа е привлекување на странски директни инвестиции, не капитална инвестции.

Тоа што би сакал јас Владата да инвестира е во Чебрен и Галиште и во автопат Велес-Прилеп, директен, тоа на Македонија ѝ треба и за такви капитални инвестиции јас ќе поддржам ново адолжување во државата, оти ние ќе плаќаме камати ама таа инвестиција вечно ќе ни носи нови пари и подобра инфраструктура, објасни Витанов.

Објаснувањето е многу јасно, а јасно е и дека ние вакви инвестиции не само во минатата година, туку и во изминатите неколку години не сме виделе.

Ние се уште чекаме одговор од Владата и министерствата каде тие имаат реализирано капитални инвестиции кои постојано се фалат дека ги има, а за народот се невидливи, а за буџетот непостоечки бидејќи не му носат приходи.

Можеби во Харвард премиерот учел поинаку, но вака објаснето не е толку тешко да се сфати што се капитални инвестиции и зошто се потребни и толку многу “озборувани”, а кога членовите на Влада ќе научат, можеби ќе почнат и вистински да ги реализираат капиталнити инвестиции па сите ќе имаме “фајде” од истите.

Пишува: Александра Петровска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јавниот долг на крајот на првиот квартал…

Министерството за финансии денеска ги објави податоците…

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

Села: Прво уставни измени па формирање влада

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села…

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема…

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција…

Португалска компанија пронајде 10 милијарди барели нафта…

Португалската нафтена компанија Галп Енергија во неделата…