Било донесено доцна, со тешка сепса и не можело да биде спасено – надлежните на Детска клиника за смртта на бебето од Струмица
Директорот на Детската клиника, доктор Реџеп Мемеди вели дека нема ништо спорно во смртта на осумдневното бебе кое било донесено од струмичката општа болница. Како што објаснува, станува збор за предвремено родено бебе со интраутерино страдање и со помала тежина за својата возраст. Детето неколку дена било дома, а во семејството сите биле болни.
Директорот на детска клиника вели дека бебето е донесено со задоцнување и со тешка сепса, најпрво во струмичката општа болница од каде поради сериозноста на состојбата било испратено за Скопје.
На новороденчето му била обезбедена целосна нега и грижа на одделот за интензивна нега, но доктор Мемеди вели дека кај предвремено родени деца со компромитиран имунитет, раната сепса има висок степен за смртност.
Смртноста на доенчињата во државата постепено опаѓа, но процентот во европски рамки е сѐ уште висок. Пред 10 години, во 2014 година имало 233 случаи на смртност кај доенчиња, а во 2023 – 58 случаи. Овој последен случај влегува во неонатална смртност, која претставува број на умрени доенчиња во првите 28 денови од раѓањето на 1.000 родени деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија ја казни „Мета“ со рекордни 805…
Италијанската Агенција за заштита на личните податоци…
42 годишна жена од Македонија загина во…
Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…
21-годишна битолчанка била давена и задушувана со…
Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна…
Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…
Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…
Злато за Македонија – Узеир е европски…
Македонија го освои првиот златен медал на…