Битиќи од Хрватска: Република Македонија и Република Хрватска ќе го дорегулираат договорот за одбегнување на двојното даночење

t

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска присуствуваше и се обрати на Бизнис форумот со Стопански комори на Република Македонија и Република Хрватска.

Бизнис форумот е во организација на Хрватската стопанска комора, а на истиот учествуваат и претставници од Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори, како и голем број на компании од двете земји.

Во рамки на Бизнис форумот, вицепремиерот Битиќи оствари и билатерална средба со потпретседателот на Владата на Република Хрватска, министерот за море, промет и инфраструктура, Олег Бутковиќ на која разговараа за искуствата на Хрватска во пристапните преговори со ЕУ како и унапредување на регионалната конкурентност како катализатор на процесот за Македонија и земјите од регионот.

На средбата двајцата потпретседатели зборуваа и за билатералниот договор за одбегнување на двојното даночење помеѓу Република Хрватска и Република Македонија.

Министерствата за финансии на двете земји, Република Хрватска и Република Македонија, ќе ги дорегулираат сите дополнителни права и обврски кои се однесуваат на договорот за одбегнување на двојното даночење меѓу Република Хрватска и Република Македонија, со цел компаниите на двете земји да имаат право на одбиток на ДДВ за промет остварен во другата земја.

Пред започнување на Бизнис форумот состанок одржаа и претставници на коморите на двете држави на кој се приклучија и потпретседателите Бутковиќ и Битиќи. На состанокот беше присутен претседателот на Хрватска стопанска комора, Лука Бариловиќ, претседателот на македонско-хрватскиот бизнис клуб, Иво Усмиани, претседателот и извршниот директот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и Антони Пешев, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, потпретседателот на Сојузот на стопански комори, Орце Симов како и амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска, Милаим Фетаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…

На четирите малолетнички против кои се водеше…

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…

Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…

Димитриеска Кочоска: Министерството за финансии нема никаква…

На надзорната расправа во Комисијата за финансирање…