Битолчанец возел 197 км на час на место каде е дозволено 80 км на час
Приведен возач од Битола, управувал возило со брзина од 197 км на час на место каде е дозволено 80 км на час
На 14.07.2025 во 18.10 часот, на автопатот А1 Демир Капија – Миравци, во близина на првиот тунел, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода С.Р.(29) од Битола. При радарска контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, со брзина од 197 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 километри на час. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против С.Р. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…
Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…