Блиските на исчезнатиот Миле Тодоров од Неготино бараат посериозна акција за негово пронаоѓање

t

Другарите на исчезнатиот Миле Тодоров од Неготино бараат посериозна акција за негово пронаоѓање, вели денеска во нивно име, во изјава за МИА, Софија Шутова.

– Се апелира за посилен притисок и посериозна акција, зголемување на ресурсите во потрагата, трет ден по ред нашиот другар Миле Тодоров кој има 28 години е исчезнат, истакна таа.

Притоа нагласи дека потрагата главно ја водат МВР Неготино и неговите блиски и пријатели, трагаат низ местото каде е последно виден, ден и ноќ, и подвлече дека ова се покажува како неуспешно.

– Исчезнувањето на млад човек мора да се сфати со најголема сериозност од страна на МВР, Општина Неготино и сите надлежни институции, порача Шутова.

Апелираше на вклучување на дронови, повторно вклучување на кучиња трагачи и поголем број на професионални тимови.

– Пребарување на поширок радиус, бидејќи Миле е физички спремен и може да се наоѓа подалеку од првичните локации. Подобра координација и поддршка за тимовите што го бараат. Животот на Миле е во прашање. Не смее ова да остане само на иницијатива на неговите пријатели. Бараме итна посериозна акција. Нема време за чекање, рече таа.

Од СВР Велес претходно ЗА МИА рекоа дека се трага со сите ресурси по момчето од Неготино.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…