Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и САД!
Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и Пол Вилан беа испратени надвор од границите на Русија. Тие се дел од процесот на размена на затвореници во кој се вклучени неколку земји, пишува Bloomberg.
„Русија ги ослободува Гершкович и Вилан како дел од процесот на размена на затвореници со САД“. Тие се испраќаат надвор од границите на Русија. САД и нивните сојузници ќе ги ослободат руските затвореници“, соопшти агенцијата.
Во средината на јули, регионалниот суд во Свердловск го осуди Гершкович на 16 години затвор за шпионажа.
Како што тогаш беше соопштено од судот, Гершковиќ не ја призна вината, но доказите кои беа изведени пред судот беа доволни за пресудата.
Пол Вилан, поранешен американски маринец уапсен во Русија во 2018 година, исто така беше осуден на 16 години затвор за шпионажа.
Неговиот адвокат рече дека не знаел за ослободувањето и дека чека информации од братот на Вилан. Коментар немаше ниту адвокатот на Гершковиќ.
Засега не е наведено кој ќе биде ослободен на барање на Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руската разузнавачка служба тврди дека Брисел сака…
Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) објави…
Си-Ен-Ен: Американското разузнавање верува дека Иран подготвува…
Нови разузнавачки информации на САД укажуваат дека…
Бугарија спаси две руски банки од санкциите…
Бугарија побара од Европската Унија да ги…
Русија тврди дека погодила товарен брод со…
Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…