Богоев: Случувањата во ДУИ не ја загрозуваат стабилноста на Владата
„Не мислам дека случувањата во ДУИ со т.н. огнена група ја загрозуваат Владата и насоката во која се двожи државата. Претставниците на огнената група од ДУИ се на ставот дека државата преку уставни измени треба да продолжи кон ЕУ“ изјави потпретседателот на СДСМ, Стефан Ботоев во „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде дека и тие се свесни дека Влада предводена од СДСМ и оваа коалиција е единствениот гарант дека проевропскиот брод ќе продолжи напред.
„Дали Али Ахмети и ДУИ ќе одлучат да ги сменат Артан Груби или Бујар Османи е одлука на ДУИ, не е коректно јас како човек од СДСМ да го коментирам тоа. Но тврдат дека случувањата во ДУИ нема да влијаат на курсот и насоката на државата што се поставени во моментов, а тоа е евроинтегративниот курс“, рече Богоев.
Потпретседателот на СДСМ вели дека членовите на огнената група не се противници на европскиот концепт и дека тие нема да дозволат внатрепартиските битки и полемики да ја загрозат владата и процесите што ги движи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нафтата падна на најниско ниво од август…
Светските цени на нафтата продолжуваат да паѓаат,…
Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…
Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…
Мерц се закани со блокада на буџетот…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…
ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…