Бројот на жртви од пожарот во Тузла се искачи на 13

t

Бројот на жртвите од катастрофалниот пожар во Домот за стари лица во Тузла се искачи на 13, откако синоќа во 23:01 часот во Универзитетско-клиничкиот центар (УКЦ) Тузла почина уште една пациентка која се здобила со тешки повреди во огнената стихија, јавуваат локалните медиуми.

Починатата пациентка беше хоспитализирана на Клиниката за анестезиологија и реанимација, каде поради тешката здравствена состојба била приклучена на респиратор. За жал, и покрај напорите на лекарите, таа им подлегна на повредите.

По пожарот, во УКЦ Тузла се хоспитализирани 30 лица, а во моментов на лекување се наоѓаат 13 пациенти.

Од УКЦ Тузла соопштија дека „на Клиниката за анестезиологија и реанимација моментално се наоѓаат тројца пациенти, од кои еден е на респиратор. На Клиниката за белодробни заболувања хоспитализирани се шест пациенти (еден полицаец и петмина штитеници на Домот). На Клиниката за интерни болести се хоспитализирани тројца пациенти со стабилна здравствена состојба. На Клиниката за урологија хоспитализиран е еден пациент, исто така со стабилна здравствена состојба“.

Истрагата откри бројни пропусти

Спроведената обдукција на 11 од жртвите утврдила дека сите починале како последица на задушување, а телото на едно лице било зафатено и од огнот.

Трагедијата отвори бројни прашања за условите за работа во Домот, а јавноста е особено заинтересирана зошто неподвижните лица биле сместени на највисоките катови, од каде што евакуацијата била исклучително тешка.

Исто така, откриено е дека за 185 корисници се грижел само тричлен медицински персонал.

Под сомнеж се најдоа и финансиското работење и целокупното раководење со установата.

Причината за пожарот сè уште не е позната, но во меѓувреме, директорот на Домот поднесе оставка. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…

Тело на младо лице било пронајдено во…

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското…

Денеска навршуваат 17 години од трагедијата на…

Ужас во Тузла: 15-годишна ученичка со нож…

Во основно училиште во Тузла, утрово 15-годишно…

Вработен во телекомуникациска компанија трагично загинал во…

Четириесет и осумгодишен работник загинал откако паднал…

Трагедија во Исламабад: 14 новороденчиња загинаа во…

Пожар предизвикан од експлозија на клима-уред усмрти…