Бугарин паднал во парк во Велес и се здобил со фрактури на лице, пренесен е на скопските клиники!

t

Маж од Бугарија на возраст од 33 години е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ откако бил пронајден со тешки повреди во Младинскиот парк во Велес, околу два часот наутро на 26-ти јануари.

Случајот бил пријавен во полиција, а според пријавеното, тој додека се движел во паркот изгубил рамнотежа и паднал.

– Лицето било пренесено во болницата во Велес, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот – соопштија од СВР Велес.

И од ПР службата од велешката болница го потврдија случајот.

Од таму појаснуваат дека откако бил пронајден кај Младинскиот парк во неконтактибилна состојба, пациентот бил донесен во болницата.

Додаваат дека бил алкохолизиран, со фрактури на лице, по што поради сериозност на повредите бил препратен на скопските клиники.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…