Важно известување за возачите: На овие делници има можност за појава на одрони!
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.
Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце за влез во земјава времето на чекање е околу еден час, а на ГП Богородица за излез е околу 30 минути. На останатите премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Опасност од одрони на неколку делници, посебен…
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива…
Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Карпи се срушија врз патот кон Радожда,…
Голем одрон го блокираше патот на влезот…
Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно…
Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно…
Предупредување за возачите: Внимавајте на одрони низ…
Сообраќајот на државните патишта во земјата се…