Објавено на:

Вардар остана без четвртфинале во СЕХА

t

Македонскиот првак Вардар загуби на домашен терен во четвртфиналето од СЕХА лигата за сезона 2021/2022 од Нексе во пенал рулетот 30-32 откако регуларниот дел заврши со резултат 28-28(12-15). Со оваа победа Нексе обезбеди пласман на завршницата од ова скратено издание на регионалниот шампионионат, која ќе се одржи во Задар, Хрватска од 2-4 септември. Ниту сигурниот Манасков со 8 голови, ниту чудесниот Талески кој постигна 11 голови не успеаа да го одведат Вардар на нов Ф4 турнир, бидејќи посигурни во пенал изведбата беа хрватските ракометари.

Во првиот дел „црвено-црните“ делуваа уморно на теренот, бавната одбрана им дозволуваше на хрватските вицепрваци да продираат на линијата од шест метри, а на спротивната страна Вардарци речиси сите голови ги постигнаа од надворешните линии преку Талески и Куни Моралес.

Радовановиќ беше солиден на голот на Нексе во првиот дел и собра 5 интервенции, на спротивната страна Томовски и Гогов вкупно собраа само една интервенција (онаа на Гогов во средина на првиот дел). Тоа, промашените обиди од далечина и двете технички грешки им овозможија на хрватските ракометари предност од три голови на полувреме.

Уште од самиот почеток беше јасно дека „црвено-црните“ ќе имаат тешка задача на овој дуел. Талески го отвори резултатот, но двата гола на Мословац им донесоа прва предност на ракометарите на Нексе. Резултатската нишалка до 12. минута им даваше надеж на двете екипи дека можат да создадат поопиплива предност, а тоа прв го направија ракометарите на Нексе во средина на првиот дел. Две промашени удари од далечина далеку од голот на Радовановиќ, беа шанса за Ракиќ, Кевиќ и Мословац да ја одведат екипата на Нексе на „плус три“, 4-7. Вардарци успеаа да анулираат два гола од негативата но во првиот дел не дојдоа до израмнување на резултатот. Финишот на првиот дел донесе нови грешки во играта на Вардар, па ако во првиот дел имаа минимален број технички грешки во вториот лошите и ненавремени додавања само ја продлабочуваа разликата меѓу двете екипи. До 25. минута Нексе со вториот гол на Северец ја создаде највисоката разлика од четири погодоци, 9-13. Предност која се задржа до самиот финиш на првото полувреме кога со звукот на сирената Вардар преку Карапалески проби на линијата од шест метри и постигна гол за конечни 12-15.

Вториот дел започна на идентичен начин, овопат на голот на Нексе беше Кузмановиќ, а на спротивната страна расположениот Гогов. Талески го отвори реузлтатот Мословац возврати, но потоа благодарение на голманот Гогов Вардар ја врати минималната разлика од еден гол (15-16 34′).

Предноста на противникот ја одржуваше голманот Кузмановиќ, но Вардарци продолжија во ист стил, Талески продолжи да „бомбардира“ од десетина метри и со седмиот гол ја врати надежта кај „црвено-црните“ навивачи (16-17). Нексе покрај квалитетната игра „еден на еден“ и пробивите на шест метри успеа да постигне еден од ретките голови од далечина преку Велаврх, но Манасков на спротивната страна беше сигурен од линијата за седум метри и разликата остана непроменета и по 10 минути игра.

Во средината на вториот дел Куни Моралес доби исклучување на две минути, а тоа го искористија избраниците на Тамше за да ја зголемат разликата на три погодоци, 19-22. Разлика која се одржуваше до 46. минута, кога Томовски спаси пенал за Нексе, а потоа Талески го запиша 9. гол. Нексе продолжи да постигнува лесни голови со пробиви, а Вардарци немаа среќа во следниот напад па ударот на Ѓукиќ од голманот заврши крај голот па Нексе го вратија водството на „плус три“ во 47 минута.

Следуваа минути на Вардар, одлична одбрана, затворени приоди до пивотот на Нексе, а грешките се казнуваа со брзи голови, затоа во 50. минута, Вардар го израмни резултатот преку головите на Талески, Манасков и Ѓукиќ.

По минутата одмор, Северец го врати Нексе на гол предност, а промашувањето на Мишевски можеше скапо да го чини Вардар. На спротивната страна Томовски беше на висина на задачата против крилото Јелиниќ и резултатот остана непроменет.  Во 52. минута при обид за пробив низ средината на одбраната Северец грубо го фаулираше Карапалески, заработи исклучување, но македонскиот централен бек замина на клупата со повреда.

Во последните четири минути, двете екипи влегоа изедначени на 26-26. Одличниот Томовски повторно беше поуспешен од левото крило на Нексе, а Вардар имаше шанса за прв пат по воведните 1-0 да го преземе водството на овој дуел, но Кузмановиќ го прочита ударот на Талески, Кевиќ згреши во нападот на Нексе, заработи и две минути, а брзо изведениот слободен удар, заврши во прецизните раце на Ѓукиќ. Нексе возврати, но играта без голман ја искористи Талески за ново водство на Вардар 28-27 на шеесет секунди до крајот на дуелот. Томовски можеше да биде човекот на одлука за Вардар, ја имаше во раце топката по ударот на Сршен, но не успеа да ја исконтролира до крај за ново израмнување на 15 секунди до финишот на дуелот. Вардарци по тајм-аутот на Недановски, одиграа напад за Талески но голманот Кузмановиќ ја скроти топката и го затвори конечниот резултат на 28-28.

Звукот на сирената значеше дека пенал рулетот ќе го одлучува патникот во Задар.

Пенал серија:

1серија

голман Кузмановиќ
1-0 Карапалески

голман Томовски
1-1 Мелиќ

2 серија

голман Радовановиќ
2-1 Чувара

голман Гогов
2-2 Кевиќ

3 серија

голман Радовановиќ
2-2 Талески

голман Томовски
2-3 Сршен

4 серија

голман Радовановиќ
2-3 Ѓукиќ

голман Томовски
2-4 Мославац

Нексе од Скопје го обезбеди билетот за Ф4 турниот во Задар.Најпрецизен кај хрватскиот вицепрвак беше Сршен со 8 голови, го следеа Северец и Мословац со по 5. Кај Вардар Талески ја предводеше листата стрелци со 11, додека Манасков постигна 8.

Извор: 24 ракомет

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Град Скопје започна со реконструкција на пешачкиот…

Градот Скопје започна со реконструкција на пешачкиот…

Како „Балистите“ го гаѓаа голманот на Вардар…

Не стивнуваат реакции од мечот Шкендија-Вардар. Во…

Еурофарм Пелистер го совлада Вардар 1961 во…

Дуелот од воведното коло во плејофот во…

Шкупи го доби скопското дерби со Вардар…

Шкупи ги потврди шампионските амбиции и во оваа…

Починат маж пронајден во Вардар кај Пешачкиот…

Во водите на реката Вардар кај Пешачкиот…