Вархеји: ЕК е загрижена поради одлуката на Косово да го укине динарот
Европската комисија жали што Централната банка на Косово одлучи да го укине динарот како платежно средство без претходна консултација и е особено загрижена за влијанието на таа одлука врз училиштата и болниците, изјави денеска европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји.
Вархеји на „Х“ напиша дека Европската комисија жали за таа одлука, имајќи го предвид нејзиното влијание врз секојдневниот живот на косовските Срби и другите заедници низ Косово.
Комисијата е особено загрижена за влијанието врз училиштата и болниците со оглед на очигледното отсуство на алтернативи во овој момент. Комисијата го повикува Косово да се погрижи овој транзициски период да биде доволно долг за да се најде решение преку преговори во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ, наведе Вархеји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинец уапсен во Хрватска поради наводна саботажа…
Украински државјанин е уапсен во Хрватска поради…
Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот…
Формирана е комисија за надзор над случајот…
Возач прегазил 10 годишно дете во Градско…
МВР информира дека вчера попладне во СВР…
Романија би можела да го воведе еврото…
Романија би можела да го усвои еврото…
Во Скопје на 20 и 21 август…
Град Скопје ги известува граѓаните дека во…