Вечерва започнува зимското сметање на времето – еве каде за прв пат нема да има промени
Од вечерва почнува зимското сметање на времето, односно стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час поназад.
Претходно, се правеа анализи дали да се продолжи со летно сметање на времето, во насока на заштеда на електрична и топлинска енергија.
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.
Додека, пак, од утре жителите на Гренланд за прв пат нема да ги вратат стрелките на зимско сметање на времето.
Владата на Гренланд одлучи во ноември 2022 година да го укине летното и зимското сметање на времето, објави данската новинска агенција Рицау.
Најголемиот остров во светот официјално е дел од Кралството Данска, но во пракса претежно е самоуправен. Наместо да ги вратат стрелките на часовникот, гренландските власти одлучија трајно да останат во временската зона UTC/GMT-2, пренесува Индекс.хр.
Во недела поголемиот дел од Европа, вклучително и Данска, ќе го поместат часовникот за еден час наназад и на тој начин ќе се префрлат од летно на зимско сметање на времето.
Сепак, на Гренланд наместо претходните четири часа ќе биде три часа помалку од Данска. Малиот град Итокортормит на истокот на Гренланд е единствениот дел од островот кој во недела ќе го врати часовникот назад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…