Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се одлучува за новиот состав на Владата

t

Промените што ќе ги донесе реконструкцијата на Владата се очекува да бидат објавени вечер по седницата на Извршниот комитет на на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Во изјава за медиумите премиерот Мицкоски вчера нагласи дека за најавената реконструкција на Владата принципиелно има договор со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ, но оти персоналните решенија ќе бидат објавени вечер по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да, ние не сме разговарале за персонални решенија, за имиња. Принципиелно имаме договор за ресорите. Јас во минатото кажав, додека не се заврши седницата на Извршниот комитет на партијата, нема да коментирам ниту ресори ниту имиња. Почекајте до утре, некаде до 20 часот, јавноста ќе биде детално запознаена – рече Мицкоски на новинарско прашање што е договорено со ЗНАМ и „Вреди“.

За промени во другите ешалони, Мицкоски рече дека со тие активности ќе се продолжи од септември.

-Овој месец е предвидена реконструкцијата на Владата, предвиден е ребалансот на буџетот и доколку има потреба, одредени седници, со кои ќе се донивелираат одредени реформски закони кои се потребни за реформската агенда. Потоа, колку што сум информиран, во август Собранието е на годишен одмор, така што продолжуваме од септември понатаму – рече Мицкоски.

Според изјавата на актуелниот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, кој е генерален секретар на „Вреди“, дадена во неделата тие по владината реконструкција ќе раководат со шест министерства – за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците додека министерството за здравство не е дел од овој пакет.

Според Сали, две нови имиња ќе има во Министерството за култура и Министерството правда, а до неделата не беше дефинирано кои ќе бидат тие.

Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски во неделата пред партиска трибина во Куманово изјави дека по владината реконструкција тие ќе раководат со две министерства, но оти денеска конечно ќе биде соопштено кој ресор на која политичка партија ќе и припадне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени…

Лицемерно е што СДСМ се вмешува во…

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…

Талогот на СДС повторно се појави. Овој…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лицата со правосилни пресуди со…

ВМРО-ДПМНЕ денеска упати обвинувања кон лидерот на…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС кога…

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати критики кон претседателот…

Манасиевски: Талогот од СДС и предавникот Филипче…

Талогот од СДС и предавникот Филипче не…