(Видео+документи) Што бара на иста маса Панче Тошковски со американски дилер на дрога?

t

ВМРО-ДПМНЕ и техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски комуницираат со луѓе осудени на затворска казна во Соединетите Американски Држави за трговија со недозволени супстанци при што загинало едно лице.

Документи од американски суд покажуваат дека лицето Михаил (Мајкл) Солаков е осуден на 33 месеци затворска казна поради трговија со недозволени супстанци при што загинува едно лице.

Групата, меѓу кои и Солаков шверцува амфитамин, при што во лонгета полнат амфетамин. Лицето кое е наводно повредено под лонгетата има рана, поради што починува при транспортот на амфетаминот.

Американските медиуми пишуваат за овој случај, кој предизвикал смртни последици.

Господинот згрешил, бил осуден, си лежел во затвор, но проблематично е тоа што министерот за внатрешни работи се среќава со ова лице и објавува фотографии на социјалните мрежи со него.

На 19 март, Панче Тошковски на Фејсбук објавува фотографии од средбата.

– Денеска имав воведно обраќање на Инаугуративниот меѓународен симпозиум на Меѓународната асоцијација за безбедност на администратори на кампуси на агенциите за спроведување на законот (IACLEA).

Овој симпозиум ќе ги опфати темите поврзани со сајбер безбедноста, спречувањето на криминалот од омраза, обезбедувањето при собири од поголеми размери, спречувањето и борбата против трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, а на истиот свое учество имаат и реномирани меѓународни експерти од оваа област, вклучително и од македонското министерство за внатрешни работи.

Истакнувајќи ја меѓусебната соработка во борбата против транснационалниот криминал потенцирав дека географијата нé прави соседи, историјата нé прави пријатели, економијата нé прави партнери, а неопходноста од заедничко дејствување против сите закани и опасности – нé направи сојузници. Најголем двигател за регионална соработка во земјите од Западен Балкан е приклучувањето кон Европската унија. Во Европската Унија, регионалната соработка е средство за постигнување стабилизација, еден од чекорите за натамошна интеграција на ЕУ. Со други зборови, сите сме „за“ регионална соработка, но заради различни причини. – пишува Тошковски на Фејсбук.

И тука се поставуваат неколку прашања. Како тоа осудени дилери заради чиј „бизнис“ починал човек ќе помагаат да влеземе во ЕУ? Зошто Тошковски се среќава со осудени криминалци? Дали службите во МВР направиле проверка кој ќе биде присутен на настанот и доколку да, дали го известиле Тошковски со кого се среќава? Доколку не е извршена проверка, дали не е извршена затоа што министерот веќе го познава господинот со кој се среќава?

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија би требало да се заинтересира за оваа средба, а за ова би требало да се заинтересира и ОЈО и да се провери дали организацијата каде Тошковски свечено се обраќа е параван за перење на нелегални пари заработени на криминален начин во САД?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блинкен го повика Хамас да го прифати…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го…

Во САД уапсена претседателската кандидатка Џил Стајн

Кандидатот на Партијата на зелените за претседател…

Бојмацалиев: Почит кон споменот и сеќавањето на…

Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи…

Бајден е најмалку популарниот американски претседател во…

Според резултатите од последното истражување на јавното…

Џафери со честитки за новите припадници на…

Техничкиот премиер Талат Џафери честитајќи им на…