(Видео) Апасиев открива што прво ќе направи Левица кога ќе стане власт

t

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во денешната епизода на Тешки муабети открива што прво ќе направи Левица доколку би дошле на власт.

-Прво што ни фали е да ги оданочиме бодатите, ние сме за прогресивни корпоративни даноци, да оданочиме банкарски сектор, да регулираме банкарски сектор бидејќи недозволиво е Македонецот под турско да плаќа помалку камата од Македонецот денес.

Орцето, ѓемиџијата да земел кредит од Отоман Банк што ја дигнал во воздух, ќе плател помала камата отколку ние што би платиле денес од овие банки.

Работничка класа е заглавена со извршители, за долг од 200 евра треба да платат 5.000 евра, се трупале камати до години. Проблем ли е да се смени тоа, од Рим па наваму го има во правото тоа, еден член во Закон за облигациони односи е, лесно се менува, да се ограничи каматата, тоа е првата реформа.

Закон за потекло на имот, од 1991 година па навака, втора реформа. На ДКСК им дадов да го препишаат од Југославија, имало начин на пресметка и простор, на пример 50.000 евра плус, се над тоа не се конфискува, туку се оданочува 80%.

Антинепотизам е важна тема, економскиот криминал како кривично дело, не смее да застаруваат тие дела. Кога ќе те фатиме, тогаш ќе си одговараш, нема застареност. 6,5 милијарди мислам дека беше проценета општествена економска вредност на претпријатијата од транзицијата, нула запирка нешто има инкасирано државата од тоа, 6 милијарди ја искрадоа државата.

Радикална била идејата да се каже дека децата во школо не треба да плаќаат за ужинки, за ручеци. Затворениците не плаќаат, убијци, силувачи, нарко-дилери ги храниме, за децата нема. Радикално е да речеш дека студентите не треба да плаќаат партиципација, мала земја сме со ограничени капацитети, сиромашните деца да можат да добијат високо образование, вели Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица оддаде почит на загинатите во Вејце…

„Денес во село Вејце, тетовско, положи свежо…

(Видео) Полноќна бонбона математика со Амар Мециновиќ:…

Полноќна БОНБОНА математика со Амар Мециновиќ, носител…

Левица со антикорупциска платформа ќе се бори…

Денес, носителот на листа на ИЕ5 од…

Села: Прво уставни измени па формирање влада

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села…

(Видео) Левица претстави идеен проект: Ќе изградиме…

Левица ќе изгради спомен обележје на бранителите…