(Видео) Атрактивен гол со ножички на Аврамовски на дебито за Болуспор!
Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски дебитираше во дресот на турскиот второлигаш Болуспор на најдобар можен начин.
На денешниот дуел со Аданспор на гостински терен, Аврамовски постигна прекрасен гол со ножички и најави дека ќе биде еден од носителите на играта на Болуспор во трката за место во плеј-офот.
Болуспор поведе благодарение на голот на популарниот Цујо во 30. минута, но само десетина минути подоцна тимот остана со играч помалку, откако поради два жолти картони исклучен беше еден од гостинските играчи.
Во вториот дел домашните успеаја да израмнат. Аврамовски ги одигра сите 90 минути за гостите.
🇹🇷 Goal: Daniel Avramovski | Adanaspor 0-1 Bolusporpic.twitter.com/6HycTp8xwa
— FootColic ⚽️ (@FootColic) January 13, 2024
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…