(Видео) Васил Јованов призна вина за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова на пешачки премин
Обвинетиот Васил Јованов, кој смртоносно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин кај Универзална сала, призна вина. Тој изрази каење на судењето.
„Разбирам за што сум обвинет. Ќе се произнесам за мојата вина. Сакам да изразам најдлабоко сочувство кон целото семејство. Да се извинам за тоа што го сторив. Да суде, виновен сум“, рече Јованов.
Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Србија од 1 јануари се зголемува…
Жените во Србија од 1 јануари 2027…
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Казино во Кичево крадело струја со уред…
Од Електродистрибуција утрово информираа дека, по спроведени…
Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…
Со цел споменот на 63-те загинати во…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…