(Видео) Голема акција на МВР во Гевгелија: Пронајдени дрога и муниција!

t

На 23.09.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација и заедничка акција со полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, по добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија, извршија претреси во гевгелиско, при што се лишени од слобода две лица, соопштуваат од МВР.

При претрес на дом и помошни простории во село Моин, гевгелиско, во кои живее Б.Ѓ.(46) од Гевгелија, во дворот се пронајдени насад со растението cannabis sativa, а во дневната соба се пронајдени четири пакувања со растителна материја – марихуана.

Б.Ѓ. е лишен од слобода, приведен во Полициска станица Гевгелија, а за случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија. По комплетирање на документацијата против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Во периодот од 19.30 до 20.30 часот, пак, извршен е претрес на дом и помошни простории во истото село, во кои живее А.К.(29) од Гевгелија, при што се пронајдени 38 боеви куршуми калибар 7,9мм, осум боеви зрна и еден боев куршум непознат калибар.

Лицето е лишено од слобода, известен е дежурен Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, а по комплетирање на документацијата од страна на СВР Струмица ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Министерството за внатрешни работи со несмалено темпо ќе продолжи со преземање на интензивни мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со наркотични дроги и оружје. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…

Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…

Сите учесници во инцидентот во скопската населба…

Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…

Полицијата во периодот од 24 до 26…

МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…

Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…

Странските државјани кои со возила со странски…