Објавено на:

(Видео) “Дива” прослава во соблекувалната на Реал Мадрид по вчерашната победа: Еве каква беше атмосферата

t

Реал ја декласираше Барселона во реваншот од полуфиналето на Купот на кралот и се пласираше во финалето каде ќе игра против Осасуна. Кралевите ја анулираа негативата од 0:1 од првиот натпревар во вкупна победа од 4:1 на теренот на најголемите ривали и на 6 мај во Севиља ќе го одиграат 40-то финале во ова натпреварување и ќе ја бараат својата 20-та титула.

Јунак на мечот во Барселона беше тројниот стрелец Карим Бензема, кој постигна голови во 50., 59. (11 метри) и 81. минута откако Винисиус Жуниор (45+2) го доведе Реал во водство.

Лука Модриќ беше еден од главните ликови на теренот на Камп ноу, но и во славјето по најголемата победа на Реал против Барселона во историјата.

Фудбалерите и тренерот на Реал диво го прославија триумфот за финалето против Осасуна. Вирална стана снимката од Модриќ како игра самба и делириумот кој следеше кога тренерот Карло Анчелоти објави дека ги наградува играчите со слободен ден за историскиот триумф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Мадрид 70.000 луѓе протестираа поради кризата…

Протестите поради кризата со домувањето во Шпанија…

Народот што го чува својот јазик и…

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека народот кој…

Бугарските медиуми љубоморни на Македонија? „Уште еден…

Весникот „Стандарт“ од Бугарија како да ѝ…

Кривична пријава против седум лица поради „местење“…

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција,…

Барселона ги понижи „кралевите“ среде Мадрид

Фудбалерите на Барселона дојдоа до огромна победа…