Објавено на:

(Видео) Експлозии во Киев, во цела Украина е прогласена воздушна опасност

t

Повеќе експлозии од утринава одекнуваат во Киев, а во цела Украина е прогласена воздушна опасност поради бранот воздушни напади кој го почна Русија.

Би Би Си пренесува дека Полска ги активирала своите воздушни сили за да осигура безбедност на својот воздушен простор откако во рускиот напад, целта била украинската погранична област Лавов.

Од оперативната команда на полската војска соопштија дека се дигнати борбени авиони на НАТО кои ги имаа оваа земја.

Активирани се авионите на Полска и сојузниците. Сите неопходни процедури за осигурување на безбедноста на полскиот воздушен простор се преземени и Вооружените сили на Полска континуирано ја следат ситуацијата, се наведува во соопштението.

Би Би Си додава дека граѓаните на Киев побарале скривалишта од нападите во метро станиците.

Серхиј Попко, шеф на киевската воена администрација вели дека десетина руски ракети се уништени над главниот град на Украина и во близина на Киев.

Нема извештаи за жртви или за поголема материјална штета како резултат на овој напад, напиша Попко.

Андриј Садовији, градоначалник на Лавов во објава на Телеграм рече дека самиот град не е погоден. Во цела Украина од рано утринава прогласена е воздушна опасност поради ракети кои ги лансирале руските стратешки бомбардери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…

„Хејли“: НАТО нема магично решение за победа…

Северноатлантската алијанса може отворено да влезе во…

Зеленски: Мора да ја забрзаме испораката на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека…

Сијарто: Крај на војната во Украина и…

Конфликтот во Украина мора брзо да се…

„Дедо“ од Украина предводи единица која бесплатно…

Мобилната артилериска единица на Олександр Таран официјално…