(Видео) Еурофарм Пелистер поднесе жалба до РФМ за последната судиска одлука во дуелот со Вардар
Екипата на Еурофарм Пелистер поднесе жалба до Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за судењето на мечот против Вардар 1961 кој се одигра во финалето од Купот на Македонија.
Мечот го добија „црвено-црните“ со еден гол разлика, а пелистерци се жалат на една од последните одлуки на судиската двојка Николовски – Металари. Вардар имаше еден гол предност, а во последниот напад на вардарци, Филип Талески имаше шут, кој, според пелистерци, е направен по одлука за пасивен напад на арбитрите со намера да се потроши време.
Еурофарм Пелистер се повикува на правилото број осум на ИХФ, според кое направена е материјална штета и прекршени се новите правила според кои секој потег кој во последните триесет секунди од мечот кој на било каков начин задржува или троши време автоматски значи седмерец и црвен картон за противникот.
Видеото во продолжение:
Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжува битката со огнот во Националниот парк…
Следи уште една пеколна и долга ноќ…
Чупиќ: Некои не се свесни што значи…
Вардар го очекува првиот домашен натпревар во…
Тело на 83-годишен скопјанец извлечено од Вардар
Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во…
Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро,…
Во тек е спасувачка акција на повредено…
Ренџери и полицајци три часа низ мрак…
Ренџери од Националниот парк „Пелистер“ и полицајци…
